ЕХФ не простува инциденти – со по 3.000 евра казни два клуба!

Екипите на Панчево од Србија и Карвина од Чешка добија парична казна од ЕХФ поради инцидентот кој се случи на првиот дуел меѓу двете екипи во рамки од осминафиналето од Европскиот Куп.

На првиот дуел меѓу двете екипи, кој беше одигран на 11 февруари во Карвина,лЧешка, дојде до инцидент меѓу играчите на двата тима.

Крајниот епилог од големиот инцидент резултираше со директно исклучување на играчите Патрик Фулнек од домашниот тим и Алекса Милошевиќ од Панчево, како и последователна суспензија на Фулнек од реваншот од осминафиналето.

Ракометниот суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука двете екипи да бидат казнети со парична казна од 3.000 евра за неспортско однесување на нивните играчи.

Карвина на првиот дуел триумфираше со 30:22, додека на реваншот победи тимот од Панчево со 31:26, но претставникот од Чешка поради убедливата победа на свој терен обезбеди пласман во четвртфиналето во третото по ранг европско натпреварување.