ЕХФ не верува во Вардар, но верува во Загреб

Екипата на Вардар ја нема во Топ 10 тимови за кои во ЕХФ очекуваат сезонава да играат на Ф4 турнирот во Келн и да бидат најблизу до освојување на трофејот. Во ЕХФ сметаат дека Вардар нема да има многу шанси за да дојде до трофејот така што не се најде меѓу првите десет рангирани состави.

И додека ЕХФ не верува во Вардар, а изненадување што го нема ниту тимот на Мешков Брест.

Затоа, пак, во Топ 10 се најдоа Загреб и Мотор, тимови кои во последните години во Скопје секогаш заминувале со порази.

Има изненадувачки распоред и во првите три. Лидер на листата е Кил, а последниот освојувач на титулата Барселона е треторангирана зад Кил и Веспрем.

Натпреварите од 1. коло од новата сезона се играат в среда и в четврток. Вардар гостува во Норвешка кај тимот на Елверум.

ЕХФ РАНГИРАЊЕ ПРЕД СТАРТОТ НА ЛШ

ТОП 10: 1. Кил (Германија); 2. Веспрем (Унгарија); 3. Барселона (Шпанија); 4. Келце (Полска); 5. ПСЖ (Франција); 6. Алборг (Данска); 7. ПИК Сегед (Унгарија); 8. Мотор (Украина); 9. Монпелје (Франција); 10. ППД Загреб (Хрватска).