Иако денеска беше последниот ден за пријава на клубовите во најелитното европско клупско натпреварување, а ЕХФ уште ги нема потврдено учесниците, сепак очигледно Французите знаат нешто повеќе.
На официјалниот сајт на Женската лига, беше објавено дека и двете француски екипи Мец и Брест ќе добијат место во Лигата на шампионите, а текстот подоцна беше повлечен.
Двете екипи имаа ист број на бодови, па не беше прогласен првак, но едната од нив ќе биде директно во ЛШ, а другата сигурно добива вајлд-карта.
Ждрепката за групите во Лигата на шампионите, ќе се одржи на 1 јули, а ЕХФ треба да ги потврди сите учесници до крајот на оваа седмица.