Овој викенд се играат првите натпревари од третото коло на најслабото европско клупско натпреварување, ЕХФ Купот.
Рускиот тимт Нева Санкт Петербург веќе е во осминафиналето од овој куп, откако ја елиминира летонската екипа Тенакс Добеле со победа од 31-23 и пораз 30-29.
На другите двобои, словенечкиот Горење славеше со пет голови против финскиот Рихимаки Кокс, 30-25 и „осите“ се блиску до пласман во следната рунда.
Романскиот тим Баја Маре, за кој екс вардарецот Жозе Толедо даде два гола, победи на Кипар кај Строволу со три разлика, додека најинтересно се очекува да биде на двобојот меѓу Беса и Борац, откако на дуелот во Косово, славеа домашните со два гола.
ЕХФ Куп, 3 коло, резултати:
Санкт Петербург – Тенакс Добеле 31-23, 29-30
Иштад – Талин 30-21
Полва Сервити – Дукла Прага 37-18
Спор Тото – ЧСМ Букурешт 27-33
Строволу – Баја Маре 25-28
Беса Фамгас – Борац Бања Лука 24-22
Горење Велење – Кокс 30-25