Покрај натпреварите од Лигата на шампионите, во текот на денешниот ден се одиграа и дел од натпреварите од третото квалификациско коло во ЕХФ Купот.
Покрај дуелот на македонскиот претставник Металург, тука беа и средбите на нашите интернационалци – Филип Кузмановски и Борко Ристовски.
Магдебург веќе може да планира уште шест меча од групната фаза, бидејќи славеше убедливо кај Горњик Забже со 24-37. Кузмановски на овој дуел даде два гола.
Ристовски и Бенфика загубија во Нашице кај Нексе со 30-26 и нема да имаат лесна задача во реваншот да го обезбедат пласманот во групната фаза.