Иако долго време одржуваа состаноци, разработуваа модели за продолжение на натпревари, па скратуваа дел од натпреварите, сепак раководните луѓе на романската федерација ќе мора да се откажат од таа идеја.
„Виновник“ за тоа е ЕХФ. Од Виена во романската федерација стигнал допис во кој се вели дека првенствата мора да бидат завршени до 1 јуни и националните федерации ќе мора да ги пријават тимовите за европските купови.
Сега Управниот Одбор на романската федерација ќе мора да реши како ќе го заврши првенството, и да одлучи кои екипи ќе играат во Европа.
Во женска конкуренција, Романија може да пријави една екипа во Лигата на шампионите, а три во Лигата на Европа, додека кај мажите – две во Лигата на Европа и две во Купот на ЕХФ, иако Динамо Букурешт сигурно ќе бара вајлд-карта за ЛШ.