Европската ракометна федерација по изборот за најдобар завршен турнир во историјата на машката и женската Лига на шампиони, прави нов избор.
На ред е изборот за најубав дрес, а денеска е првата рунда, во која учествуваат 16 дресови на екипи од врвот на машкиот и женскиот клупски ракомет во Европа.
Гласањето ќе се одвива во четири рунди плус финале, а дресот на машкиот тим Вардар за „ривал“ во првата рунда го има оној на АБ Копенхаген, а дресот на женскиот Вардар за „ривал“ го има дресот на данскиот Виборг.
Гласањето во првата рунда трае до вечер до 21:30 часот, во втората од вечер 21:31 часот до утре до 10:30 часот. Третата рунда започнува од утре во 11:00 часот до 13 јуни во 10:30 часот.
Полуфиналето е од 13 јуни во 11:01 часот, до 14 јуни во 11:30 часот, а финалното гласање ќе се одвива од 14 јуни во 11:31 до 15 јуни на пладне.
За дресовите на РК Вардар и ЖРК Вардар може да гласате ТУКА.