Дисциплинската комисија на ЕХФ одлучи да му изрече ригорозна казна на турскиот женски клуб Ардесен кој се откажа од настапите во Челинџ купот. Ардесен заработи парична казна и суспензија.
Откако се пријавија за настап за настап оваа сезона и учествуваа во ждрепката турскиот тим се предомисли и не настапи, а бидејќи го зафати местото на друга екипа во натпреварувањето, ЕХФ отвори случај кој го разгледуваше дисциплинската комисија.
Според правилата на ЕХФ и листата на казни на Ардесен му е изречена парична казна од 12 илјади евра, а исто така турскиот клуб е суспендиран на една година од сите европски натпреварувања вклучувајќи натпреварувања и квалификации.
Според рангирањето Ардесен требаше да се приклучи во осминафиналето, но тие одлучиле да не настапуваат. Клубот има рок од седум дена да поднесе жалба до дисциплинската комисија на ЕХФ.