ЕХФ го промени календарот: Еурофарм Пелистер тргнува дома со Колстад, па гостува кај Алборг

Заради распределбата на ТВ-правата на земјите со повеќе учесници во Лигата на шампионите, изменет е календарот за Лигата на шампионите.

Наместо со Загреб на домашен терен, македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе стартува против норвешкиот Колстад, исто така во Битола.

Следствено на тоа, има промени и во следните кола, но дел од нив остануваат според првичниот распоред.

Саатниците ќе бидат дефинирани во следните неколку недели. Термините за Лигата на шампионите остануваат среда и четврток во 18:45 и 20:45 часот.

Лига на шампиони, 2023/24, распоред на натпревари:

13/14.09.2023, Еурофарм Пелистер – Колстад
20/21.09.2023, Алборг – Еурофарм Пелистер
28/29.09.2023, Еурофарм Пелистер – Кил
11/12.10.2023, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
18/19.10.2023, Загреб – Еурофарм Пелистер
25/26.10.2023, Еурофарм Пелистер – Келце
15/16.11.2023, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
22/23.11.2023, Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
29/30.11.2023, Келце – Еурофарм Пелистер
06/07.12.2023, Еурофарм Пелистер – Загреб
14/15.02.2024, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024, Кил – Еурофарм Пелистер
27/28.02.2024, Еурофарм Пелистер – Алборг
06/07.03.2024, Колстад – Еурофарм Пелистер