В петок ќе биде доста интересно бидејќи покрај машките тимови кои се дел од Лигата на шампионите во ждрепката за новата сезона ќе се најдат и женските 16 екипи кои ќе се натпреваруваат за новиот трофеј.
Поделени во четири шешири тие ги очекуваат групите во кои ќе се влезе во новата трка за подобар пласман и за место на завршниот турнир.
За разлика од минатите години сега тимот на Ѓер, кој секогаш е меѓу фаворитите, не е меѓу носителите туку дури во третиот шешир. Ѓер не беше шампион на Унгарија, а обезбеди директен пласман поради најдобриот рејтинг на тимовите од Унгарија во Лигата на Европа. Носители во ждрепката за Лигата на шампионите се ФТЦ Раил Карго, Брест, ЦСКА и Кристијансанд.
Според распоредот односно рангирањето ќе биде доста интересно и сигурно ќе има што да се види во текот на целата сезона.