Машката сениорска репрезентација на Црна Гора на 27 април ќе го игра реванш дуелот против Косово во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Црногорците во Приштина ќе бидат ослабени со отсуството на искусниот член на Фуксе Берлин, Милош Вујовиќ. Левото крило од страна на ракометниот суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) доби суспензија на еден меч поради неспортско однесување.
Црна Гора на 9 март во „Морача“ ја пречека Словенија и беше поразена со три гола разлика, 32:29. Црвен картон на дуелот заработи токму Милош Вујовиќ, кој имаше неспортски потег кон еден од противничките ракометари.
Судиите од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мансен, веднаш на Вујовиќ му доделија црвен картон. Бидејќи Вујовиќ нема да настапи на дуелот во Приштина, селекторот на Црна Гора, Владо Шола дополнително го повика Филип Вујовиќ.
27-годишниот ракометар заедно со Александар Бакиќ ќе ја сочинуваат левата крилна позиција за реваншот со косовската репрезентација.
Ракометарите на Црна Гора во досегашниот тек од квалификациите остварија две победи, против Косово и БиХ, и на двапати беа поразени од селекцијата на Словенија, која веќе обезбеди пласман на континенталниот собир во Германија.