Европската ракометна федерација не го вметна името на селекторот Кире Лазаров во записникот за мечот Македонија – Словенија.
Тој се повреди на вчерашниот тренинг и нема да игра денеска, но ќе ја има само селекторската улога и ќе “диригира” од клупата.
Според ЕХФ, на клупата ќе бидат само Ангеловски и Јоновски, како и физиотерапевтот Божиновски.
Сепак не е така и Лазаров ќе ја предводи Македонија од клупата на дуелот што се игра во “Феникс Арена” во Дебрецин.