ЕХФ ги рангираше клубовите, но повторно го заборави Вардар

На најновата листа на тимовите во Лигата на шампионите, после ЕХФ неделата, екипата на Вардар одново не најде свое место во Топ 10.

ЕХФ уште еднаш ги заборави „црвено-црните“, а во најдобрите десет вброи тимови кои загубија бодови од Вардар.

Изненадувачки е комплетниот распоред во Топ 10. Актуелниот првак Барселона е ниско, дури на 5. место. Лидер е Келце, втор е Монпелје. Со оглед на тоа што многу ретко ваквите листи се потврдуваат до крајот на сезоната ова е само за евиденција и за зачувување со цел убава споредба на крајот од сезоната кога ќе се знаат учесниците на Ф4 во Келн.

Вардар после одличниот старт врза три порази, но уште е многу близу до водечката тројка во групата така што во следните четири натпревари многу работи можат да се изменат.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

1.Келце (Полска)

2.Монпелје (Франција)

3.Кил (Германија)

4.Веспрем (Унгарија)

5.Барселона (Шпанија)

6.Елверум (Норвешка)

7.Алборг (Данска)

8.Пик Сегед (Унгарија)

9.ПСЖ (Франција)

10.Порто (Португалија)