ЕХФ ги објави фаворитите во ЛШ, Вардар пак не е во Топ 10

Следниот противник на Вардар, тимот на Монпелје е кандидат број 1 за освојување на титулата во Лигата на шампионите пред стартот на продолжението од сезоната односно последните четири кола од фазата на разигрување.

Вардар повторно го нема во Топ 10 фаворитите кои ги објавува ЕХФ така што „црвено-црните“ се надвор од групата на кандидати за највисок пласман така што 7. место во Групата А е и причина за ова рангирање.

Во Топ 10 има по пет екипи од двете групи и главно тоа се тимовите кои се на првите пет позиции. Рангирањето има мали изненадувања бидејќи Барселона и Кил се многу ниско, а Флензбург превисоко иако има само девет бода и е на 5. место во Групата Б.

В среда Вардар гостува во Франција кај лидерот во Групата А, Монпелје, а натпреварот почнува во 18:45 часот. После десет одиграни натпревари Вардар има само пет бода и е на 7. место. Овие бодови беа освоени во првите пет кола, а потоа „црвено-црните“ врзаа седум порази и ќе биде тешко да се прекине оваа негативна сезона на гостувањето во Франција.

ТОП 10 ФАВОРИТИ ВО ЛШ

10.Елверум

9.Пик Сегед

8.ПСЖ

7.Кил

6.Барселона

5.Келце

4.Веспрем

3.Алборг

2.Флензбург

1.Монпелје