Екипата на ПСЖ успеа да дојде до два бода од дуелот против Мотор откако ракометарите на тимот од Париз постигнаа дури 40 гола за конечни 40:32.
Во текот на целата средба двете екипи се надмудруваа и се наттрчуваа. Имаше грешки, но имаше и многу погодоци. Ритамот беше навистина силен, а дел од нападите траеја и по само 3-4 секунди пред да биде упатен ударот.
ПСЖ практично реши голем дел од задачаа во првото полувреме кога обезбеди предност од 19:14. Овие плус пет беа сосема доволни за да може да се одработи квалитетно и во продолжение и да дојде до триумф и два бода.
После 19:14 на крајот од првиот дел во продолжение од средбата само се зголемуваше разликата и во ниту еден момент не дојде до прашање кој состав ќе биде подобар. Иако Мотор се добложуваше на моменти односно доаѓаше до 3-4 гола негатива, сепак, домашните знаеја да исконтролираат и да дојдат до триумф.
На крајот беше 40:32, а во оваа победа Винсент Жерард имаше 13 одбрани, Микел Хансен шест гола, а Ремили, Шипжак и Никола Карабатиќ по пет. Кај поразените голманот Комок запре 11 удари на противникот. Артем Козакевич погоди седумпати и беше најефикасниот играч на натпреварот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА