Во натпревар во кој одново имаше голем број на погодоци ракометарите на Вардар одиграа победнички против Елверум со 35:32 со максимално интересен финиш во кој беше даден максимум за големи два бода.
Од почетокот на средбата можеше да се види дека и денеска ќе има голем број на голови и дека ова ќе биде повторување на играта која беше прикажана пред три дена после која дојде до реми од 34:34. Надигрувањето тргна од првиот напад, а иако сега голманите имаа подобро издание отколку на првиот дуел и Кизиќ и Фрис собраа неколку интервенции, одново имаше многу голови.
На почетокот двете екипи не дозволуваа противникот да создаде предност, но се трудеа повторно многу повеќе во нападот отколку во одбрана. Првата почувствителна разлика односно позитива ја имаше Вардар при 9:6 во 14. минута. Сепак, за само три минути после многу брзање беше загубено водството и противникот дојде до 10:9.
Оттука Елверум ја презеде контролата и постојано беше во предност. Водеше до крајот на првото полувреме и таквата игра овозможи на одмор да се замине со водство. Елверум имаше плус три на пауза од 20:17 така што беше јасно дека Вардар ќе мора многу да поправа доколку сака бодови денеска.
Највисоката предност на Елверум беше плус четири и беше обезбедена уште еднаш на стартот на вторите 30 минути. Тимот од Норвешка поведе со 21:17, а потоа следуваше убав период од „црвено-црните“. Се фати приклучок и се стабилизираше негативата така што можеше да се надигрува.
Во игра во која се правеше сè за да се дојде до пресврт, дојде до голема помош за одбраната откако Кантегрел успеа да фати неколку топки во серија. Тоа донесе приклучок, а во нападот работите тргнаа на подобро, па во последните осум минути се влезе со нерешени, 29:29.
Елверум успеа да остане во предност односно да биде на гол позитива, а Вардар да израмнува. Сепак, на 30:31 не беше искористен удар од седум метри. Претходно „црвено-црните“ останаа без Калараш кој доби црвен картон, па во 56. минута Елверум дојде до плус два. Кога најмногу требаше дојде до будење. Прво Шеваљевиќ, а потоа двапати Георгиевски донесоа пресврт и на две минути до крај Вардар имаше 33:32. Откако на Пујол му падна топката Гаџа обезбеди седмерец, а Елверум остана со играч помалку на 70 секунди до крајот.
Чупуќ беше сигурен од седум метри за 34:32, а Фингрен се обиде брзо да врати и промаши, па Вардар се најде пред победа. Точка стави Дибиров за 35:32 и ова беа два многу важни поени за Вардар кој дојде после речиси четири месеци во Лигата на шампиони.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА