Интернационалецот од Македонија, Никола Костески имаше забележителна вечер во која постигна 12 гола за својот Линц во победата од 34:32 на дуелот против Грац.
Гостинските ракометари имаа добри 30 минути во првиот дел и водство од 19:14 на полувреме. Меѓутоа, во второто полувреме екипата на Линц предводена од македонскиот интернационалец, Никола Костески направи пресврт и стигна до посакуваната победа.
Костески беше најефикасен со 12 гола и заслужено ја однесе наградата МВП на натпреварот. Македонецот полека се враќа во форма по пропуштените натпревари минатиот месец поради повреда.
Победата над Грац беше прва за екипата на Линц во плеј-аут борбата за опстанок. Доколку сакаат опстанок, Костески и неговите колеги треба и на следните дуели да ја повторат играта од денешниот натпревар и да влезат во победничка серија.