Машката репрезентација на Македонија оствари победа против Чешка, со два гола разлика, 27:25, во реванш средбата од баражот и успеа во зацртаната цел, обезбеди пласман на Светското првенство следната година во Шведска и Полска.
Македонија предводена од Кузмановски, Талески, голманот Митревски, џокерот Јагуриновски, ја доби најважната битка на терен и заслужено се најде меѓу репрезентациите кои ќе играат на Светското првенство следната година.
Обезбедениот пласман на Мундијалот беше причина за сплотеност и голема еуфорија во соблекувалната во СЦ „Борис Трајковски“.
Репрезентативците на Македонија со сите членови на стручниот штаб, како и со претседателот на македонската репрезентација, Живко Мукаетов, и главниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, заеднички го прославија големиот успех на македонската репрезентација.
Едноставно, не се потребни повеќе зборови, сликите доволно говорат за храброто срце на Македонија.