Како во поранешна Југославија така и сега како самостојна држава, Црна Гора е расадник на добри ракометари. Најголемата легенда на Југославија, Веселин Вујовиќ исто така потекнува од црногорската школа на ракомет.
Тука се и браќата Предраг и Ненад Перуничиќ, Блажо Лисичиќ, Петар Каписода, а во поново време Вуко Борозан, Небојша Симиќ, Стефан Чавор, Владан Липовина…
Црна Гора како самостојна држава има учествувано на четири големи натпреварувања. Три Европски и едно Светско првенство, а најголемиот успех беше постигнат со освојувањето на 12. место на Европското првенство во 2008 година.
Сите играат во квалитетни лиги
Составот на Црна Гора нема да претрпи некои големи промени. Сите репрезентативци настапуваат во квалитетни лиги низ Европа така што го имаат потребното искуство од големи натпревари. Репрезентацијата ја краси борбената игра во одбрана, како и тимската игра во напад.
Селекторот Зоран Рогановиќ е долгогодишен репрезентативец на Црна Гора. Најголем дел oд својата играчка кариера го помина во Шведска. Како играч го красеше тимската игра која сигурно ќе ја наметне и кај своите репрезентативци.
Репрезентацијата на Црна Гора во напад ја краси колективната игра, играње трпеливо со долги напади чекајќи ја вистинската шанса за реализација. Имаат одлични крилни играчи кои имаат и добра реализација.
Преферираат длабока 3-2-1 одбрана. Таа одбранбена формација е многу исцрпувачка и бара добро подготвени ракометари. Бара многу движење, како и добра физичка подготвеност.
Симиќ ќе биде лидер на теренот
Голманите се најважната алка за секоја репрезентација. Црна Гора има квалитетни голмани. Небојша Симиќ како најискусен голман ќе го поносе најголемиот товар на ова првенство.
Црна Гора се наоѓа во групата А заедно со репрезентациите на Србија, Хрватска и Белорусија. Хрватска е фаворит за првата позиција, а Белорусија ја гледам како аутсајдер во групата. Натпреварот меѓу Србија и Црна Гора ќе одлучи за вториот патник во следната фаза.
Стефан Чавор, Небојша Симиќ и Немања Грбовиќ се три играчи од кои ќе зависи играта на Црна Гора. Тука се уште и искусните Васко Шеваљевиќ и Стефан Вујовиќ.
* Александар Јовиќ е поранешен репрезентативец на Македонија и играч кој остави голема трага со своите игри во голем број клубови, а најмногу во Вардар и во Металург. Веќе неколку години работи како тренер, а после водењето на Металург во моментов работи како стратег во РК Алушовски. Тој е еден на веќе сè подолгиот список на тренери со мастер лиценца.