Австриската репрезентација со секоја година, станува секако се посериозен учесник на едно ЕП или СП. континуираната работа со младите генерации и подигнувањњето на нивото на домашната австриска лига, секако многу допринесе за тоа, да другите противници не гледаат на Австрија како на наивен ривал.
Смената на селекторот и поставувањето на искусниот и реномиран ракометар Алеш Пајович е голем чекор напред и тој секако дека своето големо ракометно искуство и балканскиот начинна игра на најдобар начин ќе го вметне во австриската репрезентација што секако ќе допринесе за една „нова“ Австрија на претстојното првенство на кое токму таа е домаќин и секако ќе се очекува многу од нив.
Најсилна алка е селекторот
Составот на репрезентацијата е гво голема мера истиот од лани, со исклучок на Зиура и Кристијан Пилиповиќ, голман кој се откажа од националниот тим. Сметам дека нивна најсилна алка е селекторот кој веќе докажа досега на изминатите пријателски натпревари дека Австрија игра поинаков ракометен стил од претходно.
Пајович има за првпат шанса да биде селектор на една репрезентација. Со оглед на неговото големо ракометно искуство, тој е многу мотивиран да ја подготви оваа репрезентација што е можно подобро, да ги елиминира нивните недостатоци, да ги подготви подобро на тактички план и да ја однесе Австрија на едно ниво повисоко.
Најголемата опасност доаѓа од Билик и Божовиќ
Клучни играчи во нападот се Јанко Божовиќ и Никола Билик, како и брзите крила Фримел и Вебер. Ќе пробаат да го играат словнечекиот стил на игра. Клучни играчи во одбраната се Пош и Кривеличиус. Најчесто ја играат одбраната 6-0. Првата опција на голот ќе биде Томас Бауер, кој е многу поквалитетен од втората опција.
Австрија е противник кој никако не смее да се потцени, фактот дека се домаќини на ова првенство и домашната публика се многу значајни и сигурно ќе бидат предност плус за нив. Во нивната група се уште Македонија, Украина и Чешка и мислам дека Австрија со добра и концентрирана игра има големи и реални шанси да се пласира во наредната фаза, а со тоа да постигне и подобар пласман од претходните првенства на кои учествувале.