Ракометарите на македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник со триумфот во Москва против Спартак со 33:21 го завршија регуларниот дел од СЕХА лигата на четвртото место во групата Б.
Тоа значи натпревари во осминафиналето од ова натпреварување, против петтопласираниот тим од групата А, а тоа е хрватскиот Нексе Нашице.
Победникот од овој двобој, ќе игра со актуелниот шампион Вардар во четвртфиналето, што значи дека за место на Ф4 ќе имаме македонски дуел, но доколку Еурофарм го елиминира Нексе во двомечот.
СЕХА лига, осминафинале:
Спартак Москва – Татран/Војводина (победник)
Металопластика – Татран/Војводина (поразен)
Нексе – Еурофарм Работник
Пекинг – Загреб/Мешков Брест (поразен)
СЕХА лига, четвртфинале:
Нексе/Еурофарм Работник – Вардар
Металопластика/Татран/Војводина – Веспрем
Пекинг/Загреб/Мешков Брест – Мотор Запорожје
Спартак Москва/Татран/Војводина – Загреб/Мешков Брест