Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во раните утрински часови заминаа за австрискиот град Хард.
Таму в сабота ќе биде одигран првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против Алпла Хард, австрискиот вицепрвак.
Тренерот Александар Јовиќ нема да смета на многу ракометари од минатата сезона, но повторно има тим за респект, кој ќе атакува на победничко деби во Лигата на Европа.
Првиот меч се игра во салата „Покрај Езерото“ в сабота со почеток од 19:00 часот, додека реваншот е една седмица подоцна во Битола.