По двата порази од Еурофарм Пелистер, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја забележаа првата победа на претсезонските натпревари.
Избраниците на Александар Јовиќ славеа против составот на Прилеп со убедливи седум гола разлика 31-24.
Двете екипи имаа многу промени во играчкиот ростер и допрва ќе ја бараат вистинската форма пред стартот на новата сезона во Суперлигата.
Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп ќе одиграат уште еден пријателски дуел, а можеби ќе се сретнат и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.