Еурофарм Пелистер 2 со трета победа во низа

Тимот на Еурофарм Пелистер 2, по триумфите на Струга и Прилеп, забележа уште една трета победа по ред на пријателските натпревари.

Избраниците на Александар Јовиќ беа подобри од новиот суперлигаш КЛ7 со 21-23, во натпревар што се одигра во Охрид.

Битолчани и по првото полувреме имаа предност од еден погодок, 11-12, а неизвесно беше и вториот дел, за на крајот сепак гостите да стигнат до победа.

Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против Охрид и против првиот тим на битолчани, додека КЛ7 во следните пријателски натпревари ќе се сретнат со Аеродром, Тиквеш, Прилеп…