Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија третото место на меморијалниот турнир “Миле Нешкоски” во Прилеп откако триумфираа над домаќинот Прилеп.
Избраниците на Александар Јовиќ славеа со 31-28, откако и на полувремето ја најавија победата, кога водеа со пет голови разлика, 18-13.
Петтото место на турнирот го освои Струга по изведување на седмерци и триумфот над прволигашот Голден Арт КЛ7.
Во борбата за трофејот на шестиот по ред меморијален турнир во Прилеп ќе се сретнат Тиквеш од Кавадарци и единствениот странски тим, Дубочица Лесковац од 13:00 часот.