Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победата над Прилеп со 32:23 ги започнаа контролните натпревари пред стартот на плеј-оф во пролетниот дел.
Тимот предводен од Александар Јовиќ одигра солиден натпревар, а добра партија имаше и новиот бек од Босна и Херцеговина кој во овие моменти е на проба во битолскиот тим, Павле Петровиќ.
Екипата на Прилеп, пак, ќе игра во плеј-аут и ќе се бори за опстанок. Пред извесен период прилепчани се засилија со Александар Тренчевски и Златко Везенковски.
Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп ќе одиграат уште еден пријателски натпревар за неколку денови.