Еурофарм Пелистер 2 се засили со специјалист за одбрана – потпишаа со Антонио Николовски

Откако пристигнаа две засилувања во првиот тим на Еурофарм Пелистер Французинот Руди Сери и Португалецот Вилсон Дејвис, денес битолскиот клуб објави засилување и во Еурофарм Пелистер 2.

Нов ракометар е Антонио Николовски кој веднаш ќе се стави на располагање на стратегот на Александар Јовиќ. Николовски е специјалист за игра во одбрана, беше и кадетски репрезентец на Македонија. Во кариерата го носеше дресот на Вардар Јуниор, Работнички, Македонија Ѓорче Петров.

Договорот кој го потпиша Николовски е со важност до крајот на актуелната сезона.