Тимот на Еурофарм Пелистер 2 од денес е побогат за уште еден голем балкански талент. 16-годишниот босански интернационалец Алем Хаџиќ е нов член на битолското ракометно семејство.
Овој ракометар, кој може да игра на позиициите лев и среден бек, доаѓа во Битола од клубот Коњух, каде веќе се наметна и играше важна улога и во сениорскиот тим. Хаџиќ потпиша четиригодишен договор со битолскиот клуб.
Со Коњух, Хаџиќ беше трикратен шампион во првенството за кадетите, а двапати беше МВП на завршните турнири и најдобар стрелец.
Ова младо момче веќе пристигна во Битола и по потписот на договорот ќе им се приклучи на новите соиграчи и стручниот штаб, на чело со тренерот Михаил Петровски.
Алем по многу параметри е рекордер во босанскиот ракомет, а во Суперлигата на БиХ дебитираше на само 14 години.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!