Пред два дена тимот на Еурофарм Пелистер 2 пријави два позитивни случаи на коронавирус, а денеска таа бројка е зголемена за уште два нови, дознава 24Ракомет.
По тестирањата што беа извршени на сите ракометари и стручниот штаб по пријавата на првите два случаи, беа откриени уште двајца позитивни ракометари, кои сега се во домашна изолација и немаат симптоми.
Во текот на вчерашниот ден, Прилеп пријави двајца заразени членови, а завчера и составот на Пролет исто така објави за осум позитивни ракометари.
Активната бројка на позитивни ракометари и членови на сттручни штабови во суперлигашката и прволигашка конкуренција, деновиве рапидно се зголеми, а не се имуни ниту клубовите во женска конкуренција.
Корона се шири со брзина на светлината – двајца позитивни и во Прилеп!