Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 продолжуваат со одличните игри и со победите, а овој пат беа подобри од составот на Скопје 2020 во салата во СЦ „Борис Трајковски“ со 29:24.
Битолчани имаа повеќе од играта во текот на целата средба. Тргнаа сигурно од почеток и поведоа брзо со 2:0. Овие два гола брзо станаа и четири, 7:3 и тука веќе можеше да се продолжи со мирна игра и постојано да се зголемува разликата.
Домашните иако се обидуваа да дојдат до шанса за погодок, сепак, не можеа да издржат во ритамот кој го имаа наметнато гостите. Еурофарм Пелистер 2 имаше целосна контрола така што во продолжение од првиот дел беше одиграно мирно. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 успеаја да се вратат. Сепак, не можеа и до нешто повеќе, па на одмор резултатот беше 12:14.
Овие два гола беа зголемени во продолжение од средбата кога тимот на Еурофарм Пелистер 2 имаше постојано водство со разлика која гарантираше победа. Сите обиди на домашните да можат да се вратат во потребниот ритам одново беа тешки, а битолчани имаа контрола и продолжија да го диктираат темпото. Стигнаа до плус осум, 28:20 во финишот, па се опуштија. Во завршните моменти тимот на Скопје 2020 намали но немаше шанси за нешто повеќе од 24:29 така што бодовите заминаа за Битола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА