Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги почна тренинзите за новата сезона, а на почетокот од подготовките тренерскиот тандем Александар Јовиќ – Александар Зарков на располагање имаат пет нови ракометари.
Од првата екипа во вториот тим на Еурофарм Пелистер дојдоа Милан Ѓукиќ, Благојче Трајкоски и Цветан Кузманоски. Андре Буторац се врати од КЛ 7, а тука е и Мартин Табаковски.
Екипата ја напуштија Стефан Дрогришки, Јован Талевски, Димитар Бардакоски, Филип Ивановски.
Еурофарм Пелистер 2 почеток на подготовки
До 31 јули ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ќе тренираат во Битола, а потоа ќе имаат десетдневни тренинзи во Маврово. Планирани се две контролни средби со Прилеп, една со Пролет и уште две средби на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.