Еурофарм Пелистер 2 не признава фаворити, со реми против Бутел на чекор од плеј-оф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје

После победата над Металург, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 дојдоа до уште еден одличен резултат против Бутел Скопје откако ремизираа со 23:23. За Бутел Скопје овој бод беше и дефинитивна потврда за место во плеј-офот, додека за Еурофарм Пелистер 2 доближување уште еден чекор до разигрувањето за битка за титулата и местата кои водат во европските купови. Во денешното реми кое дојде откако на полувреме беше 13:12 за домашните и големо надигрување до последната минута, најефикасен играч на домашните беше Цветан Кузмановски со пет гола, додека прв стрелец на средбата беше Мирко Мајиќ со седум погодоци.