Пред стартот на новата сезона, поголемиот дел од суперлигашите веќе започнаа со контролните дуели, на кои ги проверуваат силите.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 предводен од Мартн Ивановски славеше во Прилеп на пријателски меч против истоимената екипа со 30:23 (15:12).
Охриѓанецот Иваноски беше најдобар стрелец во вториот тим на македонскиот шампион, постигна 10 погодоци, додека кај Прилеп се истакнаа Никола Цветаноски, Владан Кастратовиќ, Драган Јелушиќ и Пеце Рајатоски со по четири погодоци.
Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп ги очекува настапот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.
Битолчани на турнирот во Прилеп ќе настапат во група со Пролет, Мулти Есенс и со финскиот прволигаш Кокс. Прилепчани за ривали ги имаат Скопје, Струга и актуелниот бранител на титулата, тимот на Дубочица од Лесковац.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!