Екипата на Бутел Скопје дојде до победа на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 со 26:25 откако во текот на целата средба имаше надигрување во кое и едниот и другиот состав имаа свои моменти. Домашните имаа шанса за реми, но во последниот напад не успеаја да се снајдат, па останаа без бодови.
На почетокот на средбата имаше менување во предност од двете страни, а водството беше гол до два. Откако на почетокот Еурофарм Пелистер имаше 2:1 дојде до три гола серија на гостите и брзо менување на водството. Сепак, тимот од Скопје водеше со средината на полувремето, па веднаш потоа дојде до израмнување на 7:7. И после ова гостите водеа, но како наближуваше финишот на првото полувреме стануваше јасно дека на полувреме нема да има поголема предност од еден гол.
Резултатската тензија донесе нерешени 14:14 така што вториот дел стартуваше без предност за некој од тимовите.
Гостинскиот состав прв дојде до предност на стартот на вторите 30 минути. Следуваа два гола за 14:16, а потоа водството беше зголемено. Бутел Скопје стигна до највисоки 21:16, но не успеа да ги задржи за да има мирна завршница.
Како што се доближуваше финишот така работите се менуваа, па тимот на Еурофарм Пелистер 2 почна да ја намалува негативата. Дојде до еден гол на осум минути до крајот, 23:24. До крајот имаше уште по два гола на двете страни, а Еурофарм Пелистер го имаше последниот напад за реми. Истиот не беше искористен, па на крајот гостите ги однесоа бодовите од овој дуел.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА