Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 забележаа победа на последниот пријателски натпревар пред стартот на Суперлгата.
Избраниците на Александар Јовиќ триумфираа кај Струга со 33-29, откако на полувреме беше нерешено, 13-13.
Oва беше втора победа за битолчани на пријателските натпревари пред пролетниот дел од сезоната.
Ростерот на Александар Јовиќ е ослабен со неиграњето на Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ и Филип Арсеновски, додека кај стружани не настапи голманот Матовиќ.
Тој ќе стартува на 2 февруари. Еурофарм Пелистер 2 ќе игра дома против Скопје, а Струга ќе му гостува на Пролет.