Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да го засилува и својот втор тим, а во него дојдоа четири перспективни ракометари кои во последната сезона го носеа дресот на РК Алушовски и се натпреваруваа во првата лига.
Се работи за Петар и Павле Атанасијевиќ, Стефан Андонов и Ненад Белистојановски. Овие четворица играчи се обврзаа на верност од шест години и тие ќе го носат дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Во нив тимот од Битола препозна играчи кои имаат убава иднина и кои ќе имаат можност да напредуваат во клубот.
Овие играчи му се одлично познати на новиот тренер на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ. Се работи за ракометари на кои им беше тренер минатата година во РК Алушовски така што одлично знае колку тие може да придонесат за клубот.