Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе биде дел од силниот ТВ турнир на шампионите во Добој во месец август.
Битолчани ќе играат во група со францускиот Монпелје, египетскиот Ал Ахли, кој го освои трофејот лани и домашната екипа на Слога Добој.
Во другата група ќе бидат актуелниот европски првак Барселона, словенечкиот Целје, хрватскиот Загреб и српската Војводина.
Овој турнир ќе биде одлична подготовка за големите предизвици што ќе ги чекаат битолчани во Лигата на шампионите од средината на септември.
Еурофарм Пелистер би требало да биде дел и од турнирот „Крсте Андоновски Усташ“, кој ќе се игра во Охрид од 23 до 26 август.
На почетокот на септември би требало да биде одигран и Суперкуп дуелот со Вардар, па избраниците на Јовиќ и Шундовски ќе имаат доволен број на силни натпревари.