Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер следните две недели ќе биде во Маврово каде ќе ги одработи првиот дел од подготовките за новата сезона. Ракометарите од Битола заедно со сите нови засилувања ќе ја темпираат формата на планина пред да почнат со играње на натпревари.
По завршувањето на овој дел од подотвките тренерот Жељко Бабиќ ќе „се симне“ на натпревари, а прв треба да биде оној во Струга од 12 до 16 август.
Сезонава тимот на Еурофарм Пелистер донесе седум нови лица меѓу кои секако најзвучно е Хрватот Стипе Мандалиниќ. Покрај него во тимот дојдоа и Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски.
Во новата сезона Еурофарм Пелистер ќе настапува во групната фаза од Лига Европа, а противниците ќе ги добие на 28 јули.