Еурофарм Пелистер ја продолжи потерата по Вардар за шампионската титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Металург (Супер машка лига, плеј-оф)

Еурофарм Пелистер го совлада Металург со 34:24 во 12. коло од плеј-офот во Супер машката лига со што продолжи со потерата по Вардар во трката за шампионската титула.

Еурофарм Пелистер дојде до нова победа во Супер машката лига откако во 12. коло од плеј-офот го надигра Металург и го совлада со 34:24. Ова беше очекуван триумф со кој се продолжува трката и потерата по Вардар во битката за шампионската титула. Се очекуваше поголем отпор од Металург, но очигледно е дека во моментов тимот на Еурофарм Пелисер е поквалитетен.