Со натгпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер денеска стартува вториот дел од сезоната во СЕХА-лигата кој првпат се игра во нов формат и со елиминации на патот кон Ф4 турнирот.
Натпреварот во Нашице го отвора делот на осминафинални пресметки, а Еурофарм Пелистер ќе гостува со почеток во 15 часот во обид да се избори за позитивен резултат. Ова ќе биде тежок дуел, но дефинитивно се очекува интересен ракомет.
Покрај овој дуел во осминафиналето утре ќе следуваат и пресметките меѓу Спартак-Татран и Металопластика-Војдовина. Четвртиот дуел ќе биде дури во март кога на терен ќе се најдат Пекинг Универзитет и Мешков Брест.
Натпреварите од Лигата на шампионите почнуваат на 5 февруари. Со почеток во 19 часот на терен ќе се најдат составите на Кил и Вардар. Другите средби од 11. коло се закажани за 8 и 9 февруари.