Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 38:12 против Скопје 2020 во натпревар во кој се очекуваше ваков епилог со оглед на разликата во квалитет меѓу двата тима.
Од почеток на средбата се виде како ќе се одвиваат работите така што во ниту еден момент немаше неизвесност која би најавила поинтересен тек на овој дуел. Гостите од Скопје тешко се снаоѓаа така што домашниот тим успеа да се избори уште рано за високо водство.
После почетните 1:0 следеше единственото израмнување на 1:1. Потоа дојде серија од пет гола за Еурофарм Пелистер и полека, но сигурно кревање на ритамот. На секој гол на Скопје 2020 следуваа по неколку од домашните за на полувреме да се дојде до 17:5.
Овој резултат беше слика на случувањата на теренот, а во вториот дел имаше мало опуштање. Домашните имаа контрола, а водството беше постојано двоцифрено. Сепак, немаше потреба од форсирање и можеше да се одработи оваа средба како посилен тренинг и да се заштедат силите за дуелот против Ним во вторник во Лигата на Европа.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА