Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа на пријателските натпревари.
По триумфот над вториот тим, избраниците на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски славеа против Охрид со седум гола разлика, 30-23.
Избраниците на Стевче Алушовски одлично се држеа во првото полувреме и имаа негатива само од два гола, 15-13, но попуштија во вториот дел.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кузманоски со шест и Борзаш со пет погодоци, додека кај Охрид се истакнаа Цирар со девет, како и Шипинкоски, Тасески, Шешиќ и Бојаниќ со по три гола.
За битолчани следува проверка со српски Партизан пред настапите на турнирите во Добој и Охрид, додека охриѓани ги чека тест против Вардар.