Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде дел од силниот ТВ турнир на шампионите во Добој, кој ќе се одржи во период од 14 до 18 август.
Како што е познато, избраниците на Јовиќ ќе играат во група со францускиот Монпелје, египетскиот Ал Ахли, кој го освои трофејот лани и домашната екипа на Слога Добој.
Еурофарм Пелистер на 14 август ќе се соочи со Ал Ахли, додека во второто коло, на 15 август ќе игра против домаќинот Слога Добој.
Пелистерци во последното коло од групната фаза ќе се соочат со некогашниот европски шампион Монпелје.
Дуелот со францускиот тим е закажан за 17 август. На 18 август ќе се одиграат натпреварите за пласман.
А група: Еурофарм Пелистер (Македонија), Слога Добој (БиХ), Монпелје (Франција), Ал-Ахли (Египет)
Б група: Барселона (Шпанија), Загреб (Хрватска), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Војводина (Србија)