Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со победа ја завршуваат 2021 година, откако на домашен терен во Битола беа подобри од Прилеп со убедливи 34-26. Избраниците на Александар Јовиќ со новите бодови остануваат на четвртата позиција на табелата и остануваат во зоната што води во плеј-оф.
По почетното водство на пелистерци со 4-2, Прилеп се врати во егал, 4-4. Потоа следуваше нов пад во играта на гостите, па Еурофарм Пелистер 2 го искористи тоа за се одлепи на 8-5.
Како одминуваше времето, така битолчани ја преземаа контролата на теренот, па стигнаа и до плус шест, највисоки дотогаш, 17-11. Прилеп погоди два пати во серија преку Чантурија за 18-13, но на пауза се замина со резултат 18-13.
Во вториот дел набрзина домашните стигна до плус осум, 22-13, а Прилеп првиот погодок во овој дел од мечот го даде по седум минути игра. Веќе беше јасно каков натпревар не очекуваа во продолжение.
Гостите намалија на минус шест, 26-20, беше и 28-22, но беа далеку од некаков камбек. Најдобар стрелец кај победникот беше Емилијан Ѓорговски со седум гола, а по четири пати погодија Ненад Белистојаноски и Павле Атанасијевиќ, додека кај Прилеп, Чантурија постигна пет погодоци.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА