Еурофарм Пелистер со стил, за 30 минути ја освои Автокоманда (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Meталург – Еурофарм Пелистер (Супер машка лига, плеј-оф)

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада составот на Металург со 32:22 на гостувањето во Автокоманда во 5. коло од плеј-офот во Супер машката лига.

Екипата на Еурофарм Пелистер очекувано дојде до бодовите на гостувањето во Скопје кај Металург со 32:22, а ова беше победа која беше обезбедена многу полесно од сите очекувања. Гостите од Битола беа во водство од првата минута и постојано ја зголемуваа предноста така што веќе на полувреме имаа 20:9. Овие 11 гола им дадоа сигурност, а во финишот си дозволија да примат неколку погодоци, па дури и да му дозволат на Металург да намали на десет гола разлика така што на крајот разликата беше точно десет погодоци. Сепак, бодовите заминаа за Битола, а Металург остана на само четири поени после пет кола.