Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до очекувана победа од 33:20 на дуелот против Прилеп откако од почетокот на средбата до крајот беа во предност и ги оправдаа очекувањата.
Првиот гол беше постигнат дури во 5. минута кога Мандалиниќ отвори со погодок за водство на домашните. Божиќ Павлетиќ зголеми на 2:0, а потоа гостите преку Бикоски намалија. Тоа беше 7. минута после која резултатот беше постојано под контрола на составот на Еурофарм Пелистер.
Како што одминуваше времето така предноста растеше. Составот на Еурофарм Пелистер стигна до плус седум на полувреме и водеше со 13:6 иако на моменти имаше и плус осум.
Вториот дел беше искористен за домашниот состав за уште поголемо зголемување на предноста, а постојано разликата беше двоцифрена. Без поголемо форсирање се дојде до победа од 33:20 така што Еурофарм Пелистер го одработе своето во регуларниот дел од сезоната и сега може да очекува да бидат финиширани натпреварите и да почне плеј-офот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА