По вчерашниот триумф над тимот на Татабања, ракометарите на Еурофарм Пелистер се чини ќе имаат потешка задача да го повторат тоа и денеска. По првото полувреме, унгарскиот состав кој формално беше домаќин на вториот натпревар води со 11-9.
Татабања отвори со водство од 5-1, битолчани останаа без повредениот Кушан, а унгарскиот тим ја одржуваше разликата од четири погодоци до средината на полувремето.
Мандалиниќ успеа да намали на 8-6, а на пет минути до крајот од пенал хрватскиот интернационалец донесе и минус еден негатива, 9-8, но многуте грешки во нападот и одбраните на Ласло Бартуч беа причина за нова негатива, 11-9.
Најдобар стрелец на битолчани е Стипе Мандалиниќ, кој даде половина од головите – вкупно пет.