Ракометарите на Еурофарм Пелистер водат по првото полувреме против шпанска Бидасоа со 17-16 во натпревар од шестото коло во Лигата на Европа, иако во еден дел од мечот имаше и плус четири.
Во првите десетина минути се играше гол за гол до 5-5, пред Хосни и Василев за првпат на мечот да му донесат плус два, 7-5. Беше исклучен Кукоски, па Азкуе и Емпаран набрзина израмнија на 7-7.
Танкоски стрелаше за 8-7, но и гостите не останаа без реализација. При 10-9, Кизиќ одбрани чист зицер, битолчани не го погодија следниот удар и одново Бидасоа израмни на 10-10.
Во продолжение шпанскиот состав остана со двајца ракометари помалку на теренот, беа исклучени, па Еурофарм Пелистер ја искористи приликата. Костески и Танкоски на два пати погодија, па битолчани се одлепија на плус три, 13-10.
Радовиќ зголеми на 15-11, Бидасоа имаше шанса да намали и на минус два, но Кизиќ се испречи на пет минути до крајот на првиот дел. Валтер повика тајм-аут, а потоа Хосни веднаш погоди за 16-12.
Битолчани влегоа во серија промашувања, Хенеберг не погоди ниту од пенал, па Бидасоа намали на 16-14. Пешевски зголеми на 17-14, а до крајот уште две грешки на нашиот тим и Шпанците во последната секунда се изборија за 17-16.