Еурофарм Пелистер со комбиниран состав – еве кои 12 ракометари ќе играат во Прешов

Меѓу дуелите со Бутел Скопје и Алкалоид во домашното првенство, Еурофарм Пелистер ќе го одигра реванш четвртфиналниот реванш меч против Татран Прешов.

Поради високата предност од првиот дуел, 37-29 и поради важната средба од суперлигашкиот плеј-оф в четврток против Алкалоид, битолчани ќе играат со редуциран состав во Прешов.

Тренерот Александар Јовиќ ќе смета на 12 ракометари, меѓу кои се тројцата интернационалци – Мирко Радовиќ, Дарко Стевановиќ и Вилсон Давајес.

Ќе играат уште голманите Кизиќ и Ристевски, пикерот Пешевски, како и Кукоски, браќата Атанасијевиќ, Кузманоски, Костески и Танкоски. Во Битола останаа Лесјак, Василев, Ојлески, Велковски, Хосни, Суси, Хенеберг, Кисум…

Натпреварот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Пелистер се игра денеска во „Татран Арена“ со почеток од 16:00 часот.