Ракометарите на Еурофарм Пелистер во натпревар од 8. коло од Лига на Европа на полувреме против Агуаш Санташ имаат минимална предност од 14:13.
Македонскиот вицепрвак со голот на кружниот напаѓач Василев го отвори натпреварот со водство од 1:0, но гостите од Португалија бргу израмнија на 1:1. Следуваше период, во кој двете екипи направија неколку грешки, па така резултатот по пет минути игра беше 2:2.
Тимот на Агуаш Санташ на двапати не искористи да дојде до водство, но исто така и избраниците на Ларс Валтер немаа голема комоција во играта. Танкоски со својот прв гол го врати водството на домаќините, погоди за 3:2. Ракометарите на Мореира не се предаваа и секогаш доаѓаа до изедначување на резултатот.
Еурофарм Пелистер кон средината на првото полувреме направи исчекор, имаше добар период и откако беше нерешено (4:4) домаќините со серија од 3:0 се одлепија на 7:4. Сепак, гостите успеаја да се вратат во игра, намалија на 7:6 во 15 минута, а минута подоцна го изедначија резултатот на 8:8.
Домашната екипа не дозволуваше гостинот да поведе и со серија од 2:0 дојде до позитива од 10:8. До крајот на првиот дел Еурофарм Пелистер беше екипата, која ја диктираше играта и имаше предност од еден до два гола разлика. Агуаш Санташ во желбата да дојде до камбек, се почесто правеше грешки во нападите. По 30 минути игра, резултатот беше 14:13 за домашниот тим.